Axwell & Ingrosso и Dimitri Vegas & Like Mike доаѓаат во Македонија

Водечките тандеми на електронската музичка сцена – Axwell & Ingrosso и Dimitri Vegas & Like Mike, доаѓаат за прв пат не само во Македонија, туку и во регионот, идното лето во 2018-та година, и тоа: Axwell & Ingorsso како хедлајнери на Skopje Calling 2018, на 24-ти јуни 2018 година.  Dimitri Vegas & Like Mike како хедлајнери на Ohrid Calling 2018, на 01-ви август 2018 година.

Со овие атрактивни имиња, Македонија прераснува во водечка регионална дестинација на eвропските љубители на електронската музичка сцена.Двата настана ќе бидат проследени со топ звучни и визуелни ефекти, на ниво на најголемите светски фестивали на електронска музика.

Влезниците ќе бидат пуштени во продажба од вторник (26.12) од 09 часот наутро, преку продажната мрежа на Купи Карти За Се низ цела Македонија, Југотон и онлајн на веб страницата на ККЗС, по цени од:

Аxwell & Ingrosso

1000 денари ПАРТЕР 2

1.500 денари ПАРТЕР 1

2.000 денари ФАН ПИТ (само 1000 влезници)

Dimitri Vegas & Like Mike

1000 денари ПАРТЕР 2

1.500 денари ПАРТЕР 1

2.000 денари ФАН ПИТ (само 1000 влезници)

Scroll to Top