Денеска Тортијада во општина Илинден

Денес Општина Илинден во Домот на културата „Илинден“ ќе биде домаќин и покровител на традиционалната 12-та по ред хуманитарна манифестација Тортијада „Слатка мистерија 2018“. Настанот се организира во соработка со хуманитарната организација „Ангелчиња“.

На тортијадата ќе учествуваат аматери и професионалци слаткари, претставници на неколку општини. Настанот ќе се реализира во два дела – ревијален што ќе почне во 16:30 часот и официјален дел што ќе почне во 20 часот. Во ревијалниот дел од 16:30 до 19 часот граѓаните ќе можат да ги разгледаат изложените торти и да гласаат за најдобрата. Притоа, ќе можат да ја проследат културно-уметничката програма подготвена од учениците и децата од градинката од општината.

Во официјалниот дел што почнува во 20 часот ќе бидат избрани најдобрите торти во професионална и аматерска конкуренција. На крајот ќе има лицитација на истите. Средствата собрани од лицитацијата на тортите ќе бидат наменети за Здружението на граѓани и лица со хендикеп „Илинден“.

Scroll to Top