Џипси Кингс со предновогодишен концерт во Скопје

 

Конџертот на Џипси Кингс на 22 декември во Скопје ќе биде последниот концерт во организација на Авалон продукција за 2017 година. Концертот е во рамките на второ издание на музичкиот хепенинг Аll You Need Is Love. Џипси кингс во Скопје ќе ги изведат своите најголеми хитови, комбинација од традиционален фламенко стил со поп и латино ритам, па нашата публика ќе може да ужива во нивните хитови Volare, Bamboleo, Baila me и многу други.

Во текот на речиси три-децениската кариера, Џипси Кингс одржале неколку светски турнеи и продале преку 25 милиони албуми.

Деталите за продажбата на влезниците ќе бидат познати наскоро.

Scroll to Top