„Егзит“ е прогласен за најдобар европски фестивал

Фестивалот „Егзит“, кој се одржува во Нови Сад, беше прогласен за најдобриот европски фестивал, на натпревар кој се одржа во Холандија.

Жирито разгледало 350 музички фестивали кои се одржуваат во 35 европски држави, и заклучило дека „Егзит“ е најдобрит голем европски фестивал и најдобро организиран фестивал. „Егзит“ ја добил и наградата за општествен активизам.

„Ова е голем успех за нас, по четири години повторно да ја освоиме најважната награда во светот, и тоа во конкуренција со фестивали кои имаат и по десет пати поголем буџет од нашиот“, изјавил основачот на „Егзит“, Душан Ковачевиќ.

Scroll to Top