Елена Ристеска со мини-концерт во Струмица

Поп-пејачката Елена Ристеска на 20 јануари ќе одржи мини-концерт пред својата публика во Струмица. Таа ќе настапи во клубот „Платинум“ и, како што вели самата, ова ќе биде нејзин прв настап со бенд во живо по долго време.

Елена изминативе неколку месеци го промовираше последниот сингл „Текила и лимон“, а публиката ја очекува и српската верзија на песната којашто Елена ја испеа заедно со Емина Јаховиќ.

Scroll to Top