Фестивал на музика од светот во Битола

Деветтото издание на Фестивал на музика од светот ќе се одржи на 10 и 11 ноември во Битола. Идејата на организаторите на фестивалот, како што истакнуваат, е во две вечери пред публиката да се претстават најдобрите музички артисти на Балканот.

Првата вечер, која ќе се одржи на 10 ноември пред публиката ќе се претстави „Љубојна“, а нивни гости ќе бидат Џамбо Агушев и Лука МCCL. Втората вечер ќе се одржат два концерта – првиот на Божо Вреќо, изведувач на севдах од Босна и Херцеговина, а вториот на „Џепси Грув“ кои изведуваат автентична балканска ромска музика во која се влеваат и други музички влијанија како џез, реге, фанк, ска и драм енд бејс.

 

Scroll to Top