(Фото) Охридска промоција на новиот албум на Каролина

Каролина Гочева синоќа ја имаше охридската промоција на нејзиниот нов албум „Извор“.

Познатата пејачка на сцената во салата „Билјанини извори“ во Охрид пред илјадната публика настапи во придружба на десет музичари

Каролина ги изведе сите десет песни од новиот албум, сите авторски дела на Никола Мицевски на текст на Весна Малинова.

Во вториот дел од концертот таа пееше и хитови од претходните албуми „Македонско девојче“ 1 и 2.

Scroll to Top