Каролина ќе одржи концерт во Охрид

Во рамки на концертната промоцијата на новиот албум „Извор“, Каролина Гочева ќе одржи концерт во Охрид. Концертот е закажан за 9 март во спортската сала „Билјанини извори“. И на овој концерт Каролина ќе ги испее сите песни од новиот албум, но и најубавите песни од проектот „Македонско девојче“.

Организаторот „Фил продукција“ наскоро ќе објави детали околу продажбата на билетите за овој концерт.

Scroll to Top