Концерт на Филхармонија на Денот на вљубените

Македонската филхармонија по повод Денот на вљубените, 14 февруари, подготвува музички настан, насловен Murder Ballads. На концертот Македонската филхармонија ќе изведе песни од Леонард Коен, Ник Кејв, Том Јорк, Бјорк, Ненси Синатра, Џони Кеш и други.

Песните се во аранжмани и под диригентство на Џијан Емин, а вокалисти ќе бидат Тања Царовска и Бранислав Николов, фронтменот на „Фолтин“.

Билетите се пуштени во продажба и чинат 800, односно 1000 денари.

Scroll to Top