Концерт на Јосипа Лисац во Скопје

„Авалон продукција“, во рамките на проектот „25 концерти за 25 години Авалон“ во Скопје ќе ја донесат хрватската ѕвезда Јосипа Лисац. Таа на 20 април ќе настапи во новата сала на Македонската Филхармонија, а концертот ќе биде дел од нејзината регионална турнеја „50 години Јосипа“.

„Огромно задоволство ни е да ви најавиме дека една од најуникатните музички појави воопшто во регионот на сите времиња, неприкосновената Јосипа Лисац, по распродадените големи концерти во арена Пула, Сава Центар, неколку последователни концерти во Лисински во Загреб, својот последен концерт во оваа низа ќе го одржи во Скопје“, велат организаторите.

Влезниците за концертот ќе бидат пуштени во продажба од сабота, 03 март, преку продажната мрежа на „Купи карти за сè“ по цели од 1000 и 2000 денари. Од „Авалон“ додаваат дека ќе се одржи само еден ексклузивен концерт и во продажба ќе бидат пуштени само 800 влезници.

Scroll to Top