Lord Of The Dance во април повторно во Македонија

Музичко-танцовата атракција од Ирска, Lord Of The Dance на Мајкл Флетли, по десет години, повторно ќе гостува во Македонија. На 11 април 2018 во ВИП-арената „Борис Трајковски“ ќе го претстави новото шоу „Опасни игри“, кое се темели на ирскиот фолклор и е авантура за борбата помеѓу доброто и злото, соопштија од „Пасворд продукција“.

„Тука се и холограмски проекции, најсовремена сценска технологија, специјални светлосни ефекти, разиграни роботи и најдобрите светски акробати и танчари“, велат организатортите.

Lord Of The Dance се смета за најдобро танчарско шоу на светот и од 1996 година до денес има гостувано во повеќе од 60 земји. На изведбите на овој танцов ансамбл настапуваат дури 200 танчари. Флетли, танчарот, флејтист, автор, директор и продуцент на овој преокт е запишан во Гинисовата книга на рекорди како човек со најбрзи нозе на светот, со 35 удари во секунда.

Билетите за настапот на Lord Of The Dance ќе бидат пуштени во продажба на 1 ноември преку продажната мрежа на „МК тикетс“.

Scroll to Top