Македонското знаме развиорено на ЗОИ во Пјонгчанг

Напладне по македонско време беа свечено отворени Зимските олимписки игри во Пјонгчанг, Јужна Кореја.

Македонската делегација ја предводеше Ставре Јада. Македонија на ЗОИ ќе ја претставуваат тројца спортисти и тоа Викторија Тодоровска во нордиско скијање и Антонио Ристевски во алпско скијање, кој третпат ќе учествува на зимски игри.

На 23. Зимски олимписки игри ќе настапат околу 3.000 спортисти од 92 земји. На отворањето, како секогаш, први продефилираа спортистите од Грција, а последени се појавија делегациите на земјата домаќини Јужна Кореја и на Северна Кореја. Овие спортисти маршираа заедно под обединето знаме Кореја.

Scroll to Top