„Оркестар Маестрал“ 30 години на фолк-сцената

Битолската група „Оркестар Маестрал“ оваа година слави 30-годишен јубилеј. Од првиот ден до сега тие функционираат во ист состав. Само првиот тапанар, Тони Шопески, ја напуштил групата оти се преселил во Австралија.

Големиот јубилеј ќе го прослават на 1 август. Подготовките се во тек.

„Годинава славиме јубилеј, а тоа не е мала бројка. 30 години да создаваш музика и да останеш доследен на своето, само покажува со каква љубов ѝ пристапуваме на музиката и со каква почит ја гледаме нашата публика. Јубилејот е премногу значаен момент за нас, па затоа уште отсега течат подготовките“, велат од групата.

Неодамна „Маестрал“ се вратија од едномесечна турнеја во Америка.

Scroll to Top