Ракометарите добија 30 илјади евра премија за влез во втората фаза

Ракометарите на Македонија добија 30 илјади евра премија откако успешно ја поминаа првата фаза од Европското ракометно првенство што се игра во Хрватска.

Управниот одмор на Ракометната федерација на Македонија пред патувањето во Хрватска ги одреди премиите. Според нивниот план, ракометарите може да очекуваат дополнителни 30 илјади евра ако завршат меѓу првите шест репрезентации. За пласман во полуфиналето, РФМ на ракометарите ќе им додели премија од 100 илјади евра.

Македонија како првопласирана ја заврши првата фаза од Европското првенство. Првиот меч од главната фаза нашите момци ќе го играат во недела, против Шпанија.

Scroll to Top