Скопје има нов кум

Во Соборниот храм во Скопје утрово се одржа бадникова прослава.  Стариот кум за Бадник, Ратко Манов му го предаде кумството на новиот кум Влатко Огненовски.

„Да бидеш кум е најубавиот период во мојот живот. Изминатата година ја поминав со најблиските и соработниџите. Оваа прилика ја користам да ве поздравам да ви посакам многу љубов, здравје и среќа“, рече при предавањето на кумството Ратко Манов, досегашниот кум.

На прославата присуствуваа и градоначалникот на Град Скопје, Петре Шилегов и градоначалникот на Центар, Саша Богдановиќ кои им ги честитаа празниците на насобраните граѓани пред храмот. Според нив, ова е убав чин на почит кон религијата.

Scroll to Top