„Тандеми“ промовираа нов спот

„Тандеми“ го промовираa најновиот спот за песната „Гурбет“. Оваа скопска група, преку песната и спотот го опишува животот на сиромавиот човек. Тие се надеваат на позитивна критика од музичката јавност, со оглед на големиот труд кој го вложија во овој видео запис.

„Навистина се радуваме на нашето ново видео, кое е краткометражен филм и една сликовита приказна за песната ‘Гурбет’. Со оглед на ладното време, но и желбата да направиме квалитетно видео, навистина се помачивме, но на крајот излезе токму онака како што сакавме. Благодариме на ‘ИН продукција’, манастирот ‘Св Никита’ и девојките од К.У.Д. ‘Скопје’. Сакаме публиката да ужива во сработеното“, велат момците од бендот.

Ова е прва нивна наменска песна. Тие велат, би сакале некој да ги покани на турнеја во Австралија.

„Сите прават наменски песни за печалби, свадби, крштевки. Ова е наша прва наменска песна. Досега сме немале ваков стил, единствено само ‘Илино моме’. Мислам дека требаше да се закитиме со еден ваков видео запис и ваква песна“, вели Горан од „Тандеми“.

Scroll to Top