„Театар комедија“ ќе ги донира средствата од продажбата на билети

Средствата собрани од продажбата на билетите од последната претстава секој месец „Театар комедија“ ги донира во хуманитарни цели. Оваа акцијата продолжува и со средствата што ќе бидат собрани од вечерашната претстава.

Вечерва на репертоарот на „Театар комедија“ е претставата „Мечка“ од Антон П. Чехов, а средствата ќе бидат донирани за лекување на скопјанка којашто има оштетен вид. Претставата е во режија на Димче Николовски и играат актерите: Жарко Димоски, Жаклина Петровска и Илија Илиоски.

Scroll to Top