Треба ли жените во градот да се плашат да облечат мини сукња?

Во Скопје, изминативе два дена се одржува конференцијата „Право на градот за сите“. Во центарот на вниманието е безбедоста на жените и девојките на јавните простори. Конференцијата е во рамките на 16 дена активизам против насилството врз жените, со цел да го отвори прашањето на насилството и безбедноста на жените и девојките на јавните простори.

“Насилството во јавните простори, посебно сексуалното вознемирување, е толерирано и перцепирано како нормален дел од социјалниот живот. Затоа е важно жените и девојките да бидат охрабрени и ослободени од ризикот и стравот од насилство и вознемирување, со цел да станат активни чинители во јавниот живот“, рече Доминика Стојаноска, раководителката на канцеларијата на UN Women. На отварањето на конференцијата збориваше и министерката за труд и социјална политика, Мила Царовска која рече „Темата за безбедност на жените и девојките е ретко дискутирана иако сите од нас кои сме жени се имаме соочено со страв при движење во темни улички“.

Scroll to Top