„Трио џентлмен“ промовира нов спот

В недела, на 28 јануари, во Македонскиот народен театар „Трио џентлмен“ ќе го промовира спотот за песната „Немој веќе да ме чекаш“. Спотот го сними „Дел Рио филмс“, а сценариото и режијата се на Александар Николоски.

Во „Трио џентлмен“ членуваат оперските пејачи Кристијан Антовски, Дејан Стоев и Дарко Нешовски.

Scroll to Top