(ВИДЕО) Како се снимаше спотот за божиќна песна „Вечниот Бог“

Поп-пејачите Елена Ристеска, Тамара Тодевска, Викторија Лоба, Даниел Кајмакоски, Димитар Андоновски, Влатко Лозаноски, Мартин и Стефан од „Некст тајм“, деновиве, во продукција на „Веста“,на неколку локации во Скопје, го снимаа видео спотот за божиќна песна „Вечниот Бог“. Песна која многу деца, низ цела Македонија, во овој претпразничен период, интензивно ја учат, и се подготвуваат за учество на Бадниковата манифестација „Бадникови поворки“, која на 6-ти Јануари 2018-та ќе се одржува низ улиците на сите градови во Македонија.

Наскоро ќе биде промовиран спотот, а ова е само дел од снимањето и атмосверата на сетот.

Гледајте го видеото:

Scroll to Top