(Видео) Рокерска журка на Василица во МОБ

Вчеравечер во МОБ се одржа првиот од трите коцерти по повод Василица, овој пат под името Simply the Best. Дани Димитровска, Бени Шаќири, Елена Петреска, Ѓоко Танески, Наташа Малинкова, Александар Тарабунов, Наде Талевска, Даниел Данн, гостинот од Хрватска Бојан Јамброшиќ и други испеаја некои од најголемите поп и рок хитови од осумдесеттите. Пејачите настапија во придружба на големиот оркестар на Македонската опера и балет. Диригент беше Бисера Чадловска.

Публиката на крајот на концертот ги врати изведувачите на бис, а сите тие заедно ја испеаја Simply the Best од Тина Тарнер.

Василичарскиот концерт во МОБ е традиција од 1993 година.

(А.Ј)

Scroll to Top