(ВИДЕО) Се фрлаше алкохол на сцената оти Аца Лукас доцнеше со настапот

Синоќа во преполната сала Борис Трајковски во Скопје,српскиот фолк пејач Аца Лукас одржа предновогодишниот концерт.

Повеќе од три часа, публиката чекаше  фолк- пејачот да излезе на сцена. А, кога трпението беше при крај, дел од публиката негодуваше и со чаши со алкохол почна да фрла на сцената, додека во тоа време пееше Николија Јовановиќ, српската пејачка која ја загреваше публиката повеќе од два часа.

Таа се обиде да ја смири публиката, изјавувајќи дека нејзиниот колега ќе излезе за некоја минута на сцена. Кога Аца Лукас се појави на сцената, и се извини на публиката заради доцнењето, со оправдување  дека имал проблем со штимање на инструментите, присутните заборавија дека три часа го чекале да им запее.

Како и да , македонската публика се тресна од земја на кога на сцената запеа фолк-пејачот. Се пееа во еден глас речиси сите хитови: „Волиш ли ме“, „Лична карта“, „Песна од бола“, „Омакло ми се“ и многу други.

Атмосферата беше жешка, ама се помина во најдобар ред. Човекот за кого со причина се зборува дека ги прави најголемите и најлуди журки во регионот , го потврди тоа и пред македонската публика. Лукас, без сомнение, приреди незаборавна ноќ.

Љ. Владимиров

Фото и видео: Н. Ордевски

Scroll to Top