(Видео) „Златна бубамара“ – приредба за подобар живот

Популарната манифестација „Златна бубамара“ го пушти најавното видео за најновото издание на музичко-сатиричното шоу што ќе се одржи на 22 февруари, овај пат во салата „Борис Трајковски“.

„Ја затворија Универзална, ни го затворија ‘Метрополис’, ни остана уште ‘Борис’. Затоа излезете од  општествениот притвор и отворете ги портите за многу подобар живот“.

Овој пат „Бубамара“ е со мотото „За подобар живот“, а организаторите најавија смеење до солзи. Билетите веќе се пуштени во онлајн-продажба на „Мктикетс“.

Scroll to Top