Во Македонија ќе се гради дом на спортовите

Претседателот на Владата на РМ, Зоран Заев, и директорот на Агенцијата за млади и спорт, Дарко Каевски, најавија дека во Македонија ќе се гради дом на спортовите. Објектот ќе им биде отстапен на националните федерации, кои немаат свои официјални простории, но и за спортистите и младите, надополнет со конференциски сали и инфраструктура за спорт и рекреација.

„Веќе течат комплетните активности во корелација и со МОК, Општина Центар, Град Скопје и националните федерации за изградбата на дом на спортовите, кој навистина им е неопходен на Македонија и на спортските федерации. Дел од средствата за изградба е веќе обезбеден од МОК, а остатокот треба да се дополни со средства од Владата на РМ. Домот на спортовите би бил покрај реката Вардар на спротивната страна од арената ‘Филип Втори’ за што веќе активни се и анализите и разгледувањето на правните регулативи за завршување на овој грандиозен проект, кој е од сериозна важност за спортот“, рекол премиерот Заев.

Scroll to Top