Водителката Александра Велинова го најави саемот за венчавки

Tрадиционално по осми пат, од 23 до 25 февруари во хотелот „Александар Палас” ќе се одржи саемот за венчавки „Вединг викенд експо 2018″. Годинава заштитно лице е тв-презентерката Александра Велинова. И оваа година македонски креатори, декоратери, фотографи, ресторани ќе бидат на едно место за да им покажат што е тренд и да им помогнат на идните младенци во идеите околу организацијата на свадбите. Организатор на настанот е тимот на магазинот за културата на венчавките www.vobelo.mk.

Scroll to Top