Зорица Заева во смокинг беше манекенка на ревијата во Струмица

Во црн смокинг, бела кошула и вратоврска, сопругата на премиерот Зоран Заев, Зорица,  денес беше дел од модната ревија која се одржа во Струмица во клубот „Индустријал“. Појавувањето на Заева на модната писта е во знак на поддршка на лицата со ретки болести, настан што секој декември го организира здружението „Вера“.

Зорица Заева со Александра Матковски -Цако, студентот со Даунов синдром

Модната ревија започна во 16 часот  во присуство на многу гости, а на ревијата учествуваа и децата со посебни птреби. Оваа година настанот беше по мотото „Убави сме, свои сме“.

Од ревијата

„Поканта за модната ревија се случи на еден настан кој беше организиран во Струмица за лицата со посебни потреби. На самиот настан на кој присуствував ме покани Анче Туфекчиева за да учествувам и така се нафатив, секако без двоумење“, ни изјави Заева неодамна за „Репортер“.

„Убави сме, свои сме“-беше мотото на настанот

Моделите носеа  облека од бутиците во Струмица, а музика  пуштше диџеј Цако, односно Александар Матковски кој има Даунов синдром. Влезот беше по цена од 50 денари, а собраните средства се наменети за здружението за помош и поддршка на лицата со Даунов синдром, „Вера“ од Струмица“.

Scroll to Top