Уште една жена од Холивуд го обвини Бен Афлек

Откако Холивуд беше вџашен од приказната за славниот продуцент Харви Вајнштајн, за тоа како тој сексуално уценувал некои дами од светскиот шоу-бизнис, сега се појавија  шпекулации и за актерот Бен Афлек, кој исто така бил склон на вакви перверзии.

Оваа вест е шокирачка затоа што Бен Афлек најчесто глуми во романтични филмови, како на пример „Девојката од Џерси“, во кои со својот шарм ги освојува срцата на жените ширум светот. И сите ќе продолжевме да го гледаме на тој начин познатиот актер доколку не се огласеше жената која, како што тврди, била изложена на сексуално вознемирување од страна на актерот.

Имено, станува збор за шминкерот Анамари Тендлер, која на својот твитер-профил открила што ѝ приредил познатиот актер.

Scroll to Top