Адам Левин и Бехати Принсло го прославија роденденот на ќерката

Фронтменот на Марун 5, Адам Левин, и неговата сопруга, моделот Бехати Принсло, организираа голема шарена детска забава за да го прослават првиот роденден на нивната ќерка Дасти Роуз.  Првите фотографии од забавата ги објави 28-годишниот модел на Викторија Сикрет, која напиша:

„Не знам кој се забавуваше повеќе со огромните еднорози од балони – децата или јас“.

Бехати и Адам неодамна објавија дека ќе станат родители по втор пат на почетокот на следната година.

Scroll to Top