Адријана Лима со порака за сите жени

„Што е жена? Кога е тивка, низ главата ѝ минуваат милион работи. Кога гледа во тебе, се прашува зошто толку те сака иако ја земаш здраво за готово. Кога ти вели дека ќе биде со тебе, тоа значи дека ќе стои цврсто до тебе како камен. Немој никогаш да ја повредиш“, стои во пораката од топ-моделот Адријана Лима до сите жени и мажи во светот.

Таа испрати порака пред меѓународниот ден на жената.

„Јас сум домаќинка што работи полно работно време. Мојата работа трае 24 часа дневно. Јас сум мајка. Јас сум жена. Јас сум готвачка, чистачка, келнерка, учителка, дадилка, медицинска сестра и советничка. Немам годишен одмор, немам боледување, немам слободни денови. Ова е посветено на сите жени,“ напиша Адријана.

Scroll to Top