Актерите од „Игра на тронови“ го дознаа крајот на серијата

Актерите од хит-серијата „Игра на тронови“ го дознаа конечниот расплет, но публиката ќе мора да чека до 2019 година да дознае како завршува најскапата серија снимана досега. Актерката Софи Тарнер, која ја игра Санса Старк, изјавила дека последната сцена ѝ оставила горчливо-сладок вкус во устата. Таа додала дека крајот на приказната и предизвикала тага, но и гордост.

„Продуцентот на целата екипа ни го прочитаа последното сценарио. Беше многу емотивно. Во еден момент сите плачевме. Потоа станавме и почнавме да аплаудираме“, рекла Тарнер.

Таа додала дека последната сезона од серијата е многу возбудлива.

„Не очекуваат уште фантастични епски борби. Во оваа сезона ќе има многу поголема поврзаност помеѓу ликовите од претходно. Не очекуваат многу сплетки и нови сојузи“, додала актерката.

Scroll to Top