Актерката Хедер Локлир доживеа сообраќајна незгода

Познатата актерка Хедер Локлир е задржана во болница по сообраќајната несреќа. Таа добила полесни повреди кога со своето „порше“ паднала во ендек во близина на својот дом.

Лекарските анализи покажуваат дека во нејзината крв се пронајдени траги од дрога и алкохол.

Хедер Локлир се прослави со улогите во ТВ-сериите „Династија“ и „Мелроуз плејс“.

Scroll to Top