Актерката Кели Брук го запросила своето момче

Кели Брук и нејзиното момче, италијанскиот манекен и фитнес тренер, Џереми Парис, заедно се околу две и пол години, а во контакт стапиле откако Кели побарала од него совет за вежбање.

За разлика од многу жени кои со години чекаат партнерот да ги запроси, англиската актерка решила да ги земе работите во свои раце.

Таа ја прекршила традицијата, која наложува дека мажот треба да ја бара партнерката за жена, го запросила своето момче Џереми Парис, а тој ја одбил.

Актерката за која научниците тврдат дека има најсовршено тело на светот, во интервју за „ОК“ магазинот раскажа како после прашањето, ја замолчел и ја замолил тоа да не го прави во јавност.

„Додека бевме во Антигва, гледајќи го заоѓањето на сонцето го прашав Џереми дали сака да ме ожени’, но тој рече да бидам тивка бидејќи има луѓе околу нас“, открила таа.

Убавата актерка потоа објаснила дека иако сака да има деца, тие се уште не и се приоритет во нејзиниот живот.

 

„Па, што ако немам деца, не е крај на светот. Го сакам својот живот и ќе мора да се откажам од многу работи за да имам деца, затоа и не ми е тоа приоритет“, изјавила актерката и истакнала дека и жал што не се остварила во улогата на мајка додека била помлада.

 

Тие во повеќе наврати во медиумите зборувале за тоа дека прво се слушнале преку Скајп, шест месеци пред да се сретнат.

Scroll to Top