Актерот Ралф Фајнс доби српско државјанство

Британскиот актер и режисер Ралф Фајнс доби српско државјанство. Решението за неговото државјанство го потпишала премиерката на оваа земја, Ана Брнабиќ, а одлуката е објавена во Службен весник.

Српското државјанство на актерот и не е големо изненадување ако се знае дека пред седум години во Белград го снимаше филмот „Кориолан“, но и дека се појави на забавата по инаугурацијата на српскиот претседател Александар Вучиќ.

Актерот, кого го паметиме по улогите во филмовите „Англискиот пациент“, „Шиндлеровата листа“, „Хари Потер“ и други, е среќен со двојното државјанство.

„Во Србија постојат одлични услови за снимање филмови и ќе ги искористам можностите што ги нуди земјата“, истакна тој.

Scroll to Top