Ал Пачино и Роберт де Ниро снимаат нов мафијашки филм

Само режисерот Мартин Скорсезе може да спои актерски легенди како Роберт де Ниро, Џо Пеши и Ал Пачино. На интернет веќе кружат фотографии од снимањето на филмот „Ајришмен“ каде што актерите играат заедно. Ал Пачино ќе ја толкува улогата на бившиот шеф на Темстер, Џими Хоф, а дејството на филмот следи вистински крими-роман за врската на мафијашкиот бос и професионалниот убиец Френ Ирец Ширан кого го глуми Де Ниро.

Џо Пеши ја толкува улогата на Расел Буфалин, мафијашки дон, кој, наводно, му наредил на Ширан да го убие Хоф.

Светската преиера се очекува во 2018 година.

Scroll to Top