Алкохол, љубов и возбуда во двегодишниот брак на Ава Гарднер и Френк Синатра

Љубовта на Ава Гарднер и Френк Синатра е една од оние за која може да се напише роман. „Љубовници засекогаш“, рекла Ава за човекот, кој си ги исече вените по разводот со неа. Синатра, веќе познат пејач, првпат ја забележал Гарднер на фотографија во магазин. Во тоа време тој бил во брак со првата сопруга Ненси Синатра со која имал три деца. Кога за прв пат се сретнале со Ава на забва кај нивни заеднички пријател  таа не била импресионирана од него. Го сметала за арогантен и вообразен. Во тој период Гарднер била во брак со Арти Шо, брак во кој таа не била среќна. Синатра и Гарднер повторно се сретнале во февруари во 1949 година, кога Гарднер одејќи накај една забава поминала покрај Синатра со својот автомобил- зелен кадилак. Застанала да го поздрави. Френк  ја подигнал својата шапка и го привлекол вниманието на Гарднер

Брзо потоа, Френк ја поканил на состанок. По првиот состанок тргнала и нивната врска со интензивна страст, кавги и алкохол. Синатра бил сигурен дека тоа е љубов и не чекал долго за да и најави на Ненси дека ја напушта неа и семејството поради друга жена. Документите за развод биле брзо потпишани и во 1951 Гарднер и Синатра се венчале. Во тоа време Френк имал 35, а Ава 28 години.

Бракот бил внимателно следен од американскиот прес и новинарите не се воздржувале да удрат со критицизам и целата романса да ја наречат „скандалозно неверство“.

Нивната врска била полна со љубомора. Двајцата имале див темперамент, кој не можеле да го контролираат, дури и во јавност. И двајцата  сакале да бидат ѕвезди во центарот на вниманието, сакале алкохол и возбуда. И двајцата биле виновни за неверства. Конфликтите кулминирале и бракот експлодирал во 1953, кога парот се развел. На 18-ти ноември истата година тој е најден во лифт со пресечни вени. Минал два дена во болница, тврдејќи дека имал незгода со скршено стакло. Гарднер продолжила со својот живот, имала нови врски, но никогаш не се омажила Синатра потоа се оженил со Миа Фароу, па се развел по две години, и во 1976 се венчал со неговата четврта жена Барбара.

 

Scroll to Top