Ана Ивановиќ: Среќна сум што со Швајни се будиме во ист кревет

Откако реши да се повлече од тенисот, Ана Ивановиќ се посвети на семејниот живот. Таа јавно поговори во интервју за магазинот „Чикаго муд“ на кое е и на насловната страница на септемвриското издание.

Ана открила детали од заедничкиот живот со сопругот, фудбалерот Бастијан Швајнштајгер.

– Бастијан и јас сме многу организирани, чисти и педантни. И двајцата сакаме да имаме модерна декорација во станот во едноставни бои – изјавила Ивановиќ.

Семејството ѝ е на прво место, а посочила дека дури сега е свесна колкава жртва морало да поднесат нејзините најблиски, а посебно мајка ѝ.

„Откако сум мажена, многу повеќе го почитувам она што мојата мајка го направи за мене. Јас бев млада девојка и го работев она што го сакав. Нејзе, бидејќи беше одделена од сопругот и синот затоа што постојано одеше со мене, ѝ беше многу тешко, но тоа никогаш не го покажа. Дури сега разбирам што сè жртвувало моето семејство за мене“, раскажала Ана Ивановиќ.

Таа стави крај на професионалната тенисерска кариера и со сопругот Швајнштајгер се пресели во Чикаго.

„Се будам без часовник и без однапред предвиден распоред. Уживам да одам во моето омилено кафуле на утринско кафе со сопругот. Сакам што секое утро се будам во ист кревет со него и што повеќе не живеам во куфер. Овде се чувствувам, како што велат, како дома – раскажала уште Ана за „Чикаго муд“.

Ивановиќ преку својот фејсбук-профил им соопшти на своите фанови дека ја завршува тениската кариера.

Scroll to Top