Анџелина Џоли во трка за „Оскар“

Иако дури во февруари 2018 година официјално ќе се дознаат имињата на филмовите, актерите и филмските работници што ќе бидат номинирани за наградата „Оскар“, се прогнозира дека филмот на Анџелина Џоли, „Прв го убија татко ми: Сеќавањата на ќерката на Камбоџа“, ќе ја добие номинацијата за најдобар филм од странско говорно подрачје.
Филмот, режијата и продукцијата се на Џоли, тој е целосно снимен во Азија и не содржи англиски говор бидејќи сите актери се граѓани на Камбоџа.

Scroll to Top