Анџелина го сака Бред назад

Анџелина Џоли сака Бред Пит да ѝ се врати, пишуваат светските медиуми. Наводно, холивудската актерка се премислува за одлуката да се разведе од Бред со кој има шест деца. Како што пренесува еден магазин од блиски извори на актерката, таа сака повторно да се смират.

„Бред изгледа одлично и се чувствува одлично. Чист е како солза, т.е. се откажа од алкохолот и престана да консумира марихуана. Тој е оној човек во кој се заљубила и што го сакала покрај себе, со кој има деца и кој повторно го сака покрај себе. Што се однесува до Бред, тој не е за тоа, повеќе сака да ужива во слободата“, изјавил соговорникот за магазинот.

Scroll to Top