Бен Афлек ѝ се згадил на Џенифер Лопез

Грбот на холивудската ѕвезда Бен Афлек повторно е на тапет. Тетоважата феникс, за која тој пред две години рече дека е привремена, сѐ уште е на неговиот грб, покажаа најновите папарацо-фотографии.

Актерот неодамна беше фотографиран на плажа без маица и фотографиите веднаш станаа хит на интернет. Но, оние со подобро помнење се сетија и на неговите изјави од 2016 година дека се работи за лажна тетоважа, направена за потребите на филм.

Неговите поранешни партнерки Џенифер Гарнер и Џенифер Лопез, веднаш се придружија на општото исмевање на Афлек и неговата огромна тетоважа на социјалните мрежи. И двете го протолкуваа изборот на птицата феникс во смисла дека тие се пепелта од која феникс, т.е. Афлек, се издига.

– Одвратно е! Што да правиш?! Неговите тетоважи секогаш се премногу шарени – изјави Лопез.

Scroll to Top