Би-би-си ја повлекува серијата со Ед Вествик, обвинет за сексуално злоставување

Би-би-си објави дека ја повлекува серијата во која се појавува Ед Вествик, обвинет за сексуално злоставување

Британската телевизиска мрежа Би-би-си соопшти дека ќе ја повлече серијата во која се појавува актерот Ед Вествик, кој е обвинет за сексуално злоставување.

„Постојат сериозни обвиненија кои Вествик жестоко ги демантираше. Би-би-си не носи суд дали тој е виновен или не, но ја повлекува серијата од програмата сè додека не се реши случајот“, навела управата на Би-би-си.

Станува збор за телевизиската серија „Ordeal by Innocence“, адаптација на детективскиот роман на писателката Агата Кристи, која е снимана специјално за Би-би-си и требаше да почне да се емитува на крајот на годинава.

Против 30-годишниот Вествик е отворена истрага откако актерката Кристина Коен го обвини за силување. Британскиот актер ги демантираше тврдењата велејќи дека не ја ни позната актерката.

Scroll to Top