Бијонсе, Џеј Ло, Шварценегер се молат пожарот да не ги проголта нивните вили

Пожарите во Калифорнија кои продолжуваат да беснеат, ја ставија во опасност и луксузната населба Бел Ер, каде се наоѓаат куќите на бројни познати личности и богаташи. Во оваа исклучително елитна населбам наредена е евакузација на дури 700 домаќинства, а тоа земјиште се смета за едно од најскапите во САД.

Роберт Мурдок, медумски магнат, во овој крај има имот со виноград кој вреди 30 милиони долари.

Бијонсе и Џеј Зи исто така имаат куќа во оваа област, која вреди дури 135 милиони долари. Вилата има четири базени, простор за слетување на хеликоптер и прозори кои се отпорни на куршуми.

Во Бел Ер живеат уште и Џенифер Анистон, Елон Маск, Криси Тајген, Арнолд Шварценгер, Џенифер Лопез и многу други.

Џенифер Лопез тука се преселила минатата година, а својот имот го платила 28 милиони долари. Во нејзина близина живее Џенифер Анистон, на имот кој вреди 20 милиони долари.

Елон Маск во Бел Ер поседува дури пет куќи, чија вкупна вредност изнесува 72 милиони долари.

Музејот Гети објави дека поради пожарот нема да работи, за да ја поддржи акцијата на властите поради случувањата во близина. Исто така затворен е и универзитетот UCLA, и уште неколку школи во тој регион.

Дел од околу 200.000 жители во Калифорнија, кои се евакуирани поради четири големи пожари, кои беснеат во оваа американска сојузна држава добија дозвола да се вратат во домовите, а опасноста од огнената стихија ќе трае до утре, судејќи според најавените временски прилики, пренесува Ројтерс.

Се наведува дека гори подрачјето од Лос Анџелес до пацифичкиот брег, па се до округот Санта Барбара.

Пожарите наречени Томас, Крик, Рај, Скирбол и Гети, ништат се пред себе, а пожарникарите се трудат да огнената стихија ја стават под контрола.

Scroll to Top