Балканскиот менталитет и инает на Меланија Трамп повторно излегоа на виделина

Американскиот претседател Доналд Трамп синоќа одржа говор за состојбата на нацијата. Привлече големо внимание со своето излагање, кое се однесуваше на надворешната, но и внатрешната политика. Но, не беше само тој ѕвезда на вечерта. Неговата сопруга Меланија со својата појава ги воодушеви сите присутни и речиси секоја нејзина постапка беше проследена до детаљ.

Многумина сметаат дека таа со своите гестови испратила јасна порака до својот сопруг, и уште еднаш го покажа својот балкански инает.

Меланија и Доналд Трамп не се видени во јавноста уште од 15 јануари, кога се враќаа од Флорида по семејниот викенд во Мар-а-Лаг. Тој викенд се појави и приказната за неговата наводна афера со порноактерката Сторми Даниелс. Првата дама потоа одби да отпатува со сопругот во Давос на Светскиот економски форум.

Како тоа да не беше доволно сомнително, Меланија синоќа одлучи на говорот на својот сопруг да пристигне со друг автомобил. Таа на тој начин ја прекрши долгогодишната традиција, односно направи нешто што досега ниту една американска прва дама не го направила во историјата.

Таа се одлучи да се вози со своите гости кои ги поканила да ѝ прават друштво во нејзината ложа за време на говорот на Трамп. Возењето од Белата куќа до Капитол трае само неколку минути.

Според приказната на портпаролката на Меланија Трамп, Стефани Гришам, било потврдено дека двојката во Белата куќа ќе се врати со заедничко возило, пренесува Си-ен-ен.

Кога првата дама се појави на Капитол Хил беше поздравена со овации, а своето место во ложата го зазема само минута пред нејзиниот сопруг да го почне своето излагање.

Меланија на овој настан се појави во бел костум на „Диор“ и бела блуза од „Долче и Габана“. Многумина се заинтересираа за нејзиниот ауфит затоа што личела на женска претставничка од Демократската партија во Конгресот.

Таа во текот на минатогодишното обраќање на Трамп носеше бела боја протестирајќи поради неговата политика. Белата боја во овој случај беше симбол на жена која се бори за правото на глас преку организиран протест.

Но, некои ја споредија и со Хилари Клинтон, која облеката со бела боја ја носеше на бројни конвенции на Демократската партија и за време на инаугурацијата на Трамп минатата година.

Првата дама седеше во својата ложа меѓу полицајците од Њу Мексико, Рајан Холетс и Престон Шарпа. Тие беа нејзини гости за кои исто така се огласи на „Твитер“ нарекувајќи ги група чесни луѓе и јунаци кои преживеале.

Холетс посвоил бебе од мајка која била наркоман, а Шарп поставил 40.000 знаменца и цвеќиња на гробовите на загинатите војници.

Оправдувањето зашто не била во исто возило со сопругот го даде Стефани Гришам, која наведе дека првата дама ги почитува гостите како вистински херои.

Портпаролот на Белата куќа, Сара Сандерс, изјави дека првата дама стигнала одводено од претседателот затоа што сакала да ги поздрави своите гости, за да може претседателот веднаш да влезе внатре, пренесува Си-ен-ен.

 

 

Одлуката на Меланија Трамп да повика околу 15 специјални гости на прием во Белата куќа и да ѝ се приклучат во нејзината ложа за време на говорот е уште еден доказ за независноста на постапките на првата дама.

Вообичаено е претседателот да се сретне со гостите во својот кабинет пред говорот и таму да ги поздрави, но Меланија сакала на целиот настан да стави свој печат. Сакала  лично да зборува со тие луѓе, да ги слушне нивните приказни и да им оддаде почит.

Барак и Мишел Обама, како и Џорџ и Лаура Буш секогаш заедно доаѓале на ваквите настани во текот на осумте години колку што им траеше мандатот.

Повеќе фотографии од Меланија можете да видите на следниот линк:

Видете ја и снимката:

 

 

 

Видео од тоа како изгледаше првата година од владеењето на Трамп:

Scroll to Top