Боно Вокс јавно ги искритикува полските власти на концертот во Амстердам

Фронтменот на ирската рок група „У2“, Боно Вокс, ги искритикувал полските власти за време на концерт во Амстердам.

Според пишувањата на медиумите, на сцената во Амстердам се качил обожавател кој  пред многуилјадната публика го извадил знамето на Полска со симболот на легендарниот синдикат „Солидарност“, Лех Валенса.

Боно им посакал на Полјаците љубов и мир и рекол дека во Полска „сакаат да ја одземат слободата од нашите браќа и сестри“. Полските медиуми претпоставуваат дека Боно ги имал предвид судските реформи кои се претворија во причина за конфликт меѓу Варшава и меѓународните институции.

Се наведува дека не е првпат Боно да го критикува управувањето на полската партија Право и правда. Во 2016 година во своето обраќање пред американскиот Сенат музичарот изјави дека владите на Полска и Унгарија водат политика на хипернационализам.

Scroll to Top