Бред Пит и Анџелина Џоли ќе го потпишат разводот

По речиси една и пол година за тоа кој ќе го добие старателството врз децата, Бред Пит и Анџелина Џоли ќе ги потпишат документите за развод. Анџелина го остави Пит во септември 2016 година, но нивната разделба и понатаму не е официјализирана.

Двајцата актери признаа дека многу тешко ја поднесуваат разделбата. Во интервју за „Џи-Кју“ Пит рече дека сака разводот да помине „цивилизирано и тивко“. Анџелина, пак, за „Венити фер“ откри дека тој период бил еден од најболните во нејзиниот живот.

„Тоа беше најтешкиот момент во мојот живот. Во моментов бараме здив. Се обидуваме да го направиме најдоброто за нашето семејство. Работите се влошија… Не сакам да користам овој збор“, рекла таа.

Анџелина и Бред најверојатно најдоа решение што ќе прават со децата. Пријател близок на Џоли открил дека актерите се подготвени да го потпишат разводот и дека тоа ќе се случи до крајот на февруари.

„Заради децата, тие се блиску до тоа повторно да бидат пријатели“, рекол истиот извор.

Scroll to Top