Брус Вилис доаѓа во Скопје

Славниот холивудски актер Брус Вилис има шанса да дојде во Скопје, но не како актер, туку како музичар и да настапи во клубот „Станица 26“. Оваа вест ја потврдија и од концертната агенција и продукција „3 гонга“, кои наголемо преговараат Брус Вили да дојде во Скопје.

„Преговараме да го донесеме Брус Вилис во Скопје. Во моментот тој е на турнеја со својот блуз-бенд, свири одлично саксофон, а со музика се занимава пред да стане она што е денес. Преговорите се во тек, но не само за холивудскиот актер туку и за многу други светски музичари и да се надеваме дека сите овие големи ѕвезди Скопје ќе ги доживее“ – изјави Александар Пејчиновски од „3 гонга“.

Зад новоформираната концертна агенција и продукција „3 гонга“ стојат тројца исклучителни и долгогодишни музикофили – Александар Пејчиновски – Пејчи, Васја Ивановски и Здравко Ситновски – Ситна, еднакво познати на скопската андерграунд и на мејнстрим-сцена.

Концертната агенција и продукција „3 гонга“ од Скопје во соработка со ноќниот клуб „Станица 26“ започнува со концертни настапи на звучни и препознатливи џез и блуз-музичари не само од земјава туку и светски етаблирани. Па, така, на 11 октомври со почеток во 22 часот настапува македонскиот гитарист, текстописец и продуцент Дамир Пух.

Scroll to Top