Чарли Шин ја повлекол тужбата против таблоидот што објавил дека тој го силувал Кори Хајм

Холивудската ѕвезда Чарли Шин (52) нема да оди на судење за спорот што го водел со весникот „Нешнл енкваер“ поради наводите дека сексуално го злоупотребил покојниот актер, тогаш тинејџерски идол Кори Хајм.

Шин ја повлекол тужбата, а како што пишуваат странските медиуми, и двете страни постигнале договор.

Според наводите, адвокатите на Чарли ја повлекле тужбата и изјавиле дека бил постигнат договор.

Извор за TMZ изјавил дека не се во прашање пари, но дека и двете страни се задоволиле со договореното.

За потсетување, актерот минатата година го тужел таблоидот кој објавил дека тој го силувал 13-годишниот Кори Хајм на сетот за време на снимањето на филмот „Лукас“ (1986) кога Чарли имал само 19 години.

Таблоидот исто така навел дека Кори поради Чарли почнал да консумира наркотици, зависност против која се борел долго време, до неговата смрт во 2010 година.

Шин ги демантирал обвинувањата на весникот. Мајката на Кори нешто подоцна изјавила дека нејзиниот син бил злоупотребуван, но навела дека тоа не било од Чарли.

Повеќе за тоа прочитајте на следниот линк:

Подоле може да го видите едно од последните интервјуа на Кори.

Scroll to Top