Чарли Шин обвинет дека силувал тринаесетгодишен актер, кој подоцна починал од дрога

Поранешниот актер Доминик Браши тврди дека холивудската ѕвезда Чарли Шин во 1986 година за време на снимањето на филмот „Лукас“ го силувал сега веќе починатиот Кори Хајм, кој тогаш имал само тринаесет години.

Браши се отворил пред новинарите дека Хајм подолг период не сакал да го открие името на човекот што сексуално го вознемирувал, но дека на крајот сепак му се доверил нему и му открил дека се работи за Чарли Шин.

„Хајм ми кажа дека имал секс со Шин. Пушеле трева и потоа имале анален секс. Хајм ми раскажа дека по ова, Шин станал ладен и одбивен и кога Кори сакал и двајцата повторно да се дружат, Чарли го одбил“, изјави Доминик.

И неговиот најдобар пријател Кори Фелдман во својата автобиографија напиша:

„За време на снимањето на филмот „Лукас“, постар маж на Хајм му објаснил дека во филмската индустрија најнормална работа е постари мажи и деца да имаат сексуални односи. И на паузата на снимањето секогаш се затскривале во еден дел меѓу приколките и Кори дозволувал да имаат секс“.

Фелдман потоа додаде дека Хајм со години се борел со последиците од ова малтретирање.

По големиот успех што го оствари „Лукас“, Кори Хајм имал големи проблеми со дрогата, неколку пати бил на лекување, но безуспешно, а неговата кариера нагло пропаднала.

Кори Хајм почина во 2010 година од фатална комбинација на дрога со разни други супстанции.

Тогаш имал 38 години.

 

 

Scroll to Top