Четиригодишнина од смртта на холивудската ѕвезда Пол Вокер

Пол Вокер и неговиот пријател Роџер Родас загинаа во сообраќајна несреќа во Калифорнија на 30 ноември 2013 година.Ѕвездата од серијалот „Брзи и бесни“ и Родас тој кобен ден одлучија да го испробаат новото „порше ГТ“, а истрагата покажала дека Родас, кој бил на местото на возачот, при брзина од околу 150 километри на час изгубил контрола над возилото и удрил во столб за осветлување.

Автомобилот експлодирал, и Вокер и Родас починале од здобиените повреди и исеченици.

Денот по несреќата се појавила и снимка од уличните камери на кои е забележан моментот на експлозијата на автомобилот во кој се наоѓале и Пол Вокер и Родас.

Видеото од запаленото „порше“:

 Четиригодишнина од смртта на својот пријател Вин Дизел ја одбележа со емотивна порака на „Инстаграм“:

„Без оглед каде си, пола милја далеку, или преку половина свет, секогаш ќе бидеш семејство.

Џордана Брустер, која во „Пеколните улици“ ја играше Миа Торето, која исто така објави пост посветен на Вокер на кој напишала: „Те сакам секој ден, ми недостигаш секој ден“.

 

Scroll to Top