Даниел Крег со маска на доделувањето на британските „Оскари“

Британскиот актер Даниел Крег по појавувањето на доделувањето на наградите БАФТА, стана главна тема на расправа на социјалните мрежи.

Многумина забележаа  дека има направено промена на лицето, кое изгледало како маска, а тоа беше повод за да се крене лавина коментари на „Твитер“.

Не е познато дали Даниел бил на некоја пластична операција која тргнала во погрешен правец или промената на изгледот е резултат на нешто друго.

Инаку, во новото продолжение на Џејмс Бонд петти пат ќе го игра токму Крег, кој пред две години изјави дека повеќе не сака да го глуми агентот 007.

„Не сум бил дома речиси една година“, изјави кога го заврши снимањето на филмот „Спектар“.

Продуцентите на Даниел му понудиле повеќе од 134 милиони евра за да сними барем уште две продолженија од Џејмс Бонд, но засега се договориле за еден, а износот што ќе го добие за тој филм засега не е познат.

Се претпоставува дека Џејмс Нортон би требало да ја добие улогата на славниот агент кога Крег ќе се откаже од неа. Според последните шпекувации, филмот би требало да ја види светлината на денот во 2019 година.

Scroll to Top