Данската принцеза со велосипед ги носи децата во градинка

Данската принцеза Марија, како и многу други нејзини сограѓани, е голем љубител на велосипедите и често го практикува ова превозно средство. Затоа, Данска не беше изненадена од фотографијата на принцезата која ги преплави социјалните медиуми на која се гледа како таа на ниски температури и снег ги вози своите деца во градинка.

Фотографиите на кои принцезата ги вози близнаците во посебна велосипедска приколка до детска градинка во Копенхаген станаа вистински хит на социјалните мрежи, а притоа предизвикаа и многубројни коментари од типот – политичари, гледајте и учете.

Scroll to Top